Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето на имплементацијата на новите технологии, како и квалитетот на контакт центарот и аутсорсинг услугите. Вклучувајќи го меѓународното знаење на групата со локалната експертиза на компанијата, Mellon Solutions е уникатно позициониран за да ги олесни сигурните и трансформирачките трансакции.

Моментално вработува:

АГЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА НА ТЕРЕН НА ТЕРИТОРИЈА НА ГРАД ОХРИД, СТРУГА И ДЕБАР

На само неколу минути од реката и од центарот на Скопје, Хотелот Double Tree Hilton вклучува базен со џакузи, ресторан и топло колаче за добредојде. Со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати туристички и историски знаменитости, се на 10 минути возење додека меѓународниот аеродром во Скопје е оддалечен само 20 минути.

Сите активни позиции од DOUBLE TREE BY HILTON можете да ги најдете ТУКА.

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken. Неговата успешна приказна започна во 1922 година и е резултат на огромна посветеност, енергија, знаење, искуство и тимска работа вложени од генерации професионалци.

Моментално вработува:

ПРАКТИКАНТИ ВО МАГАЦИН ЗА ГОТОВ ПРОИЗВОД

Слаткарница „Палма“ Аеродром е место какде можете да уживате во слетките задоволства.

Моментално вработува:

ПОМОШНИК ВО КУЈНА
ШАНКЕР/К
А
КЕЛНЕР/КА

Семејството на Diners Club Македонија брои над 15.000 активни корисници, а компанијата нуди богато портфолио на производи и услуги и 24/7 корисничка поддршка за своите членови. Diners Club Македонија е општествено одговорна компанија која во континуитет реализира и поддржува филантропски активности, активности за зачувување на животната средина, културни, образовни и спортски проекти од интерес за заедницата.

Моментално вработува:

ПРАВНИК

„Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 140 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот. Така, пренесувајќи го искуството и зголемувајќи го квалитетот низ повеќе генерации, таа станува она што е денес – стабилна индустриска компанија со производство од околу 5.000 тони годишно и продажба на странскиот и на домашниот пазар.

Моментално вработува:

ТЕХНОЛОГ ВО ПРОИЗВОДСТВО

„Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со највисоките домашни и европски стандарди во фармацевтската индустрија (ISO, GACP, GMP) со цел производство на сув цвет и на масло од канабис со висока чистота и различни концентрации на CBD и THC.

Сите активни огласи од Синцеритас ќе ги најдете ТУКА.

Трговската марка TOM TAILOR е насочена кон современите купувачи во динамичната, урбана средина, кои сакаат да ја изразат својата индивидуалност и кои се карактеризираат со активен животен стил.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА

Скопски Легури е компанија за феролегури која што сака да ја зацврсти својата позиција во индустријата за феролегури како ефикасен производител и извозник на феролегури.

Моментално вработува:

ЗАВАРУВАЧ
ЕЛЕКТРИЧАРИ

HIB Petrol се застапени на територијата на Косово со повеќе од 20 бензински станици и ресторани во 12 градови. Компанијата во моментот има работна сила од 770 вработени во нивните капацитети.

Моментално вработува:

КЕЛНЕР/КИ
ГОТВАЧ/КА - ПИЦА МАЈСТОР/КА
ШАНКЕР/КА
МЕНАЏЕР ВО ПИЦЕРИЈА

Доколку сеуште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Деновите од викендот да бидат денови на неделен одмор, а доколку се работат тие треба  да се плаќаат како празници.

Ако сериозно размислувате да работите за време на викендот, важно е да се пристапи на проблемот со сета сериозност. За тоа дали ќе одите да работите надвор од вашата компанија и од кого иницијативата доаѓа, зависи од паричната награда која ќе ја добиете за трудот и вашето потрошено време.

За вршењето на прекувремената работа на работникот му следува надоместок како додаток на основната плата утврдена во договорот за вработување.

Основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за:

– прекувремена работа ………………………………………………… 35%

– работа ноќе………………………………………………………………… 35%

– работа во три смени ……………………………………………………. 5%

– работа во ден на неделен одмор.. ………………………………. 50%

За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога  во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа  зголемена за 50%.

Кога работата премногу ќе ги надмине границите на приватниот живот, тоа се одразува на менталното здравје на човекот. Со оглед на тоа дека се зголемува бројот на луѓе кои бараат плус  уште една работа, истовремено се намалува и балансот помеѓу работата и приватниот живот.

Заклучно слободниот ден е време кое вреди да се посвети на одмор и на вашите најблиски. Но, секао зависно какви приоритети имате и планови за во иднина ќе зависи и како ќе го трошите и на кого ќе го посветите своето внимание за време на викендите.

Промовирани огласи »

Од денес на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на Гентерм.

Гентерм е глобална, иновативна компанија –лидер во областа на термални технологии. Креира, развива и произведува уреди за греење, ладењеи вентилација за клиенти од целиот свет.

Компанијата е препознатлива по вложувањето иновации, надградба и подобрување на термалната технологија на новорастечките пазари, а нејзините производи се користат најмногу во автомобилската индустрија.

Гентерм брои повеќе од 13.000 вработени во 12 земји и е глобален лидер во системите за управување со топлинска енергија која со посветеност создава иновативни, добро дизајнирани производи кои се произведени според највисоките стандарди. Како иновативна компанија која константно се стреми кон усовршување на своите производи, воедно се стреми и кон проширување и усовршување на своите тимови.

Моментално како активни се следниве работни позиции:

ПРОЦЕС ИНЖЕНЕР
РАКУВАЧ СО МАТЕРИЈАЛИ
ЛИНИСКИ ЛИДЕР HANCHO ACT EXTERNAL/ NEW TECHNOLOGIES
APQP ИНЖЕНЕР

Се уште сте невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Финска повторно беше објавена за земја со најсреќна популација, додека Македонија се наоѓа на 87 место на Светскиот извештај за среќа.

Македонците се понесреќни од сите соседи, откако пред нас на списокот се најдоа Албанија на 83 место, Бугарија на 77 позиција, Грција на 58 место, Србија на 45 место и Косово на 34 позиција.

Во регионот подобро рангирани од нас се и Босна и Херцеговина (71 место), Хрватска (48) и Словенија (22 место).

Меѓу најсреќните земји во светот, по Финска, се Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка и Швајцарија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »