Nova Office, современа иновативна компанија за канцелариски и рекламни материјали, продажба на тонери и принтери поради понатамошен развој на своите операции и проширување на својата деловна мрежа, распишува оглас за вработување на:
ACCOUNT MANAGER
Опис на работно место:
- Подготовка и презентација на понуди за продажба
- Собирање информации за потребите на клиентите и консултации со истите
- Пресметување на цени и подготовка на финални цени за клиенти
- Посета на компании
- Грижа за клиенти на долг рок
- Следење на промените на пазарот и конкурентска средина
- Развивање на стратегија во одреден сегмент од пазарот
- Предвидување потенцијални предизвици на пазарот и проактивно изнаоѓање на решенија
- Спроведување на анализа на пазарот за подобрување на понудите за продажба
- Реализација на таргет
- Учествување во реализација на стратегијата на компанијата
- Способност за градење и развивање на мрежа на клиенти согласно искуството, градење на доверба и персонални релации
Квалификации:
- Образование : Пожелно е ВСС
- Познавање на MS Office ( Excel , Word , Power Point )
- Возачка дозвола Б Категорија
Лични карактеристики :
- Постигнување резултати врз основа на лични перформанси
- Способност за градење професионален однос со клиенти на долг рок
- Организациски, презентациски и комуникациски вештини
- Аналитички способности
- Инцијатива,упорност,одговорност,самомотивираност
- Чесност и лојалност на високо ниво
- Активни и истрајни луѓе кои се стремат кон професионален личен успех и успех на компанијата
Што нудиме?
- Конкурентна плата + месечни бонуси
- Работни денови од понеделни до петок од 8ч до16ч
- Работа во професионална средина во тим кој е насочен кон заедничко остварување на цели
- Можност за напредок и наградување во рамки на компанијата
- Поддршка во организацијата, продажниот процес од страна на менаџментот во компанијата
- Обука и едукација од страна на менаџментот и надворешни консултанти кои ќе допринесат за личен развој на вработените
- Многубројни алатки и софтверски решенија за олеснување на продажниот процес
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат преку полето АПЛИЦИРАЈ.
Кандидатите кои што работеле во иста или слична индустрија ќе имаат предност.
Да се наведе за која работна позиција се аплицира.
Сите пристигнати апликации ќе се третираат со максимална доверливост.
Ќе бидат исконтактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Поврзани огласи »