Самостоен референт за деловни односи со правни лица во Служба за корпоративно работење

За компанијата: Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал. повеќе за компанијата »

Активни огласи од Силк Роуд Банка АД Скопје:

Банкарски службеник во Експозитура Скопје

(преземи го огласот во Word)

Оглас за вработување на Самостоен референт за деловни односи со правни лица во Служба за корпоративно работење во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ДЕЛОВНИ ОДНОСИ СО ПРАВНИ ЛИЦА во Служба за корпоративно работење.

Дел од работните задачи на самостојниот референт за деловни односи со правни лица во Служба за корпоративно работење се следните:

  • Анализи и обработка на финансиските податоци за клиентите, подготовка на кредитни предлози со комплетна анализа на клиентот и доставување на истите до соодветните служби;
  • Подготовка на кредитно рангирање на кредитниот ризик на клиентот во соработка со кредитните референти. Преговарање, во рамки на надлежноста, за условите за соработка со клиентите;
  • Оценка на кредитни барања и креирање соодветни извештаи;
  • Учество во работата на банката, во случај кога се одобруваат кредити/заеми, во согласност со ограничувањата и надлежностите, дадени во постапката за одобрување и др.;
  • Надзор врз зголемувањето на приходите преку растење на соработката со постојните клиенти и привлекувањето на нови клиенти;
  • Следење на активностите на пазарот и конкуренцијата со цел да се најдат можности за понатамошен напредок во работењето;
  • Постигнување на таргетите за пораст/продажба, приходи и задоволство на клиентите, на начин поставен од Управниот одбор на банката;

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Универзитетска диплома, по можност во банкарство, финансии или друга релевантна област;
  • Посета на образовни програми, соодветни за предметното работно место;
  • Минимум 3 (три) години искуство, по можност во банкарство или друг финансиски сектор;
  • Многу добро познавање на даночниот систем, сметководството и анализа на финансиската состојба;
  • Многу добро познавање на прашањата поврзани со пазарот на средства/капитал;
  • Познавање на продажни техники и маркетинг;
  • Познавање на MS Office;
  • Многу добро познавање на англискиот јазик;
  • Добро познавање на банкарските производи;
  • Добри организациски и комуникациски вештини;
  • Високо ниво на комуникациски вештини;
  • Добри преговарачки вештини;
  • Флексибилност;
  • Иницијативност;
  • Спремност да се почитуваат и активно поддржуваат вредностите на банката.
  • Да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност и должност

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “самостоен референт за деловни односи со правни лица”, најдоцна до 26.08.2024 година.

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата   [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »