Хемиски аналитичар

За компанијата: Еуромак-Контрол е стручно оспособена и специјализирана контролна организација, основана во 1999 во Скопје како друштво за техничко испитување, контрола на квалитет и квантитет и консалтинг. Еуромак-Контрол... повеќе за компанијата »

Друштвото Еуромак-Контрол ДОО Скопје е стручно оспособена и специјализирана контролна организација, основана во 1999 во Скопје како Друштво за техничко испитување, контрола на квалитет и квантитет на стоки и консалтинг. 

Еуромак-Контрол располага со акредитирана лабораторија за животна и работна средина и акредитирано инспекциско тело за контрола на квалитет и квантитет на стоки, акредитирани од страна на Институтот за Акредитација на Република Македонија.

Имаме потреба за хемиски аналитичар - инженер за работа во Лабораторијата на ЕМК.

Кандидатот треба да ги исполнува следните критериуми:

  • Да има завршено високо образование (хемиски факултет)
  • Да има работно искуство во областа
  • Познавање на работа на компјутери и англиски јазик
  • Активно управување со возило (Б - возачка дозвола).

Потребно е кандидатот да биде флексибилен во извршување на работните обврски, да поседува способност за организација, комуникативност, лојалност, истрајност, работа во тим и брзо и ефикасно завршување на зададените работни задачи.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Поврзани огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »