За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.
повеќе за компанијата »Дали си подготвен/а за кариера во која секој ден открива нови можности и е исполнет со возбуда? Замисли се себеси во динамична улога на Специјалист за излезни повици и реконектирање на клиенти на француски јазик за еден од најголемите синџири за достава на здрави намирници за подготовка на храна, каде што секојдневно комуницираш со клиенти обидувајќи се да им го подобриш животот преку големиот избор на здрави производи. Придружи ни се на ова здраво патување и биди гласот на здравата исхрана во светот што зборува француски јазик!
Што ти нудиме?
- Конкурентна плата: почнувајќи од 44.000 денари;
- Работа од дома со наша опрема;
- Еден работен викенд во месецот. Останатите викенди поминете ги уживајќи во омиленото хоби или заедно со најблиските;
- Се работи во 2 смени, од 10 или 17 часот, од понеделник со петок; 3 пати во месецот смената е ноќна со соодветно платени ноќни саати согласно закон;
- Можност за добивање на договор за вработување: гаранција за стабилност во кариерата;
- Приватно здравствено осигурување: твоето здравје е наш приоритет;
- Платена обука: инвестираме во твојот успех;
- Месечни бонуси за перформанси: трудот заслужува признание;
- Бонуси за препораки: награда за твојата лојалност;
- Проширување на вашите знаења: со нашата компаниска платформа за учење стекни нови вештини;
- Кариерен развој: патеката на твојот напредок исцртај ја заедно со нас;
- Глобално искуство: бидејќи имаме многу колеги од целиот регион кои со нетрпение чекаат да те запознаат!
- Стартен датум: 02.09.2024
Придружи ни се како Специјалист за излезни повици на франуцски јазик!
Твојот ден ќе биде комбинација од:
- Секојдневна употреба на францускиот и англискиот јазик: комуникација со старите и актуелните клиенти на компанијата за достава на здрава храна преку презентација на актуелните промоции;
- Подобрување на корисничкото искуство: споделувај информации и совети за најновите подобрувања на услугите кои компанијата ги нуди;
- Персонализирани решенија: спој ги потребите на клиентите со совршените понуди;
- Ќе имаш целосна поддршка од својот Тим лидер како и од останатите членови на тимот;
Што бараме?
- Француски гуру:задолжително течно познавање на францускиот јазик
- Познавање на англиски јазик на ниво Б2
- Основни познавања од работа на компјутер;
- Одличен комуникатор: ефективна, јасна и транспарентна комуникација;
- Љубопитна личност: жед за стекнување нови знаења;
- Тимски играч: желба за отворена соработка со цел остварување на заеднички цели;
- Амбициозност: личен и професионален развој е вашата цел;
- Претходно работно искуство во оваа област се смета за предност но не е задолжително;
Доколку си заинтересиран/а и сакаш да дознаеш нешто повеќе, аплицирај веднаш на следниов линк: https://apply.careers.transcom.com/careers/JobDetail?jobId=2373&source=Kariera.mk Само апликациите добиени преку линкот за апликација ќе бидат земени во предвид.
Поврзани огласи »