Референт за наплата на побарувања

За компанијата: За нас Друштвото за обезбедување на лица и имот НИКОБ ДОО експорт-импорт Скопје е основана во 1995 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија која е судски регистрирана. Лојалноста,... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Никоб обезбедување:

МАГАЦИОНЕР - Референт за возен парк

ДРУШТВОТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЛИЦА И ИМОТ НИКОБ ДОО експорт-импорт СКОПЈЕ објавува оглас за вработување на работна позиција:       

 

                                                              Референт за наплата на побарувања

 Потребни квалификации:

  • Минимум ССС (ВСС ќе се смета за предност);
  • Најмалку 1 (една) година работно искуство на иста или слична работна позиција;
  • Аналитички способности;
  • Ориентираност кон резултати во наплата на побарувања;
  • Одлични преговарачки вештини;
  • Компјутерски вештини-MS Office;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија;

Личен профил:

  • Мотивирана и стабилна личност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Прецизност и аналитичност во работењето ;
  • Флексибилност, динамичност и иницијативност;

Компанијата нуди:

  • Динамична работна средина;
  • Редовни месечни примања;
  • Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата;

 

Работното време на оваа позиција е 8 (осум) часа дневно, со почеток од 08:00 до 16:00 часот од понеделник до петок.

Ако во горенаведеното работно место препознавате предизвик за својата кариера и ги исполнувате бараните услови, Ве молиме испратете ја вашата биографија на следниот e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака – ,,ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНТ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА” .

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »