Промовирани огласи »

Земјите од ЕУ се договорија да забранат пластика за еднократна употреба. Новите европски регулативи предвидуваат забрани на производите од пластика за еднократна употреба до 2021 година. Канадскиот премиер Џастин Трудо, инспириран директно од оваа иницијатива, најави слична забрана на пластика за еднократна употреба како и забраната за пластични шишиња за вода во неговата земја.

Европскиот парламент годинава со големо мнозинство ја изгласа резолуцијата за забрана на пластични производи за еднократна употреба. Овој договор има за цел новата регулатива да се имплементира кај земјите-членки на Европската Унија до 2021 година. Токму поради тоа дел од европските, но и другите земји во светот преземаат активности за да го намалат нивниот придонес кон загадувањето. Прва цел за елиминација од повеќето видови еднократна пластика им се пластичните ќеси. Експертите по екологија велат дека нивниот процес на производство е штетен за животната средина и останува токсичен за околината откако тие ќе се фрлат.
Германија е првата земја од ЕУ што воведе забрана за користење на пластичните ќеси, а наедно воведува закон со кој ќе ги забрани производите од пластика за еднократна употреба до 2021 година. Кон овој чекор се придружи и Србија, поточно Белград, кој од први јануари следната година ќе воведе забрана за пластичните ќеси. Ќе фатиме ли приклучок и ние, ако започнеме отсега да работиме на овој план?

Првични активности започнаа со екокампања за укинување на пластичните ќеси преку синџир дрогерии кај нас. Тие првично и официјално ги укинаа пластичните ќеси и нема повеќе да им ги делат на своите потрошувачи. Наместо најлонски ќеси, тие ќе им нудат алтернативни еколошки решенија за пакување на купените производи. Со овој глобален тренд што се случува, се поставува прашањето дали овој еколошки бран ќе помине и ќе измени нешто кај нас или само ќе нѐ измине?

Заменик-министерот за екологија Јани Макрадули изрази надеж дека повеќе компании и кај нас ќе го следат примерот на веледрогериите, кои први почнаа кампања за забрана за употреба на најлонските ќеси. Останува да видиме дали на ваквиот потег ќе се придружат и други фирми. За поголема ефикасност во битката за спас од најлонските ќеси и пластичните производи веројатно многу повеќе ќе треба да се вклучи и власта, можеби и со наоѓање на законско решение кое ќе ни овозможи поздрава животна средина.

Парискиот договор за климатски промени предвидува справување со сите извори на загадување, тоа значи и справувањето со еднократната пластика, изјави заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули на екокампањата за укинување на пластичните ќеси.

– За жал, во Македонија во процесот на стакленичките гасови отпадот е на второ место. Ако сакаме да ја намалиме емисијата на стакленички гасови во согласност со Парискиот договор и барањата од климатските самити, ќе мора да се справиме и со пластичните ќеси – вели Макрадули.

Глобалниот извештај за климата од 2015 до 2019 г. покажува дека концентрацијата на јаглерод диоксид и метан-гасовите достигнува рекордни нивоа во последните пет години. Зголеменото присуство на јаглерод диоксид во светот, според повеќето истражувања, е поради создавањето големи количества отпад. Исто така, според извештај на Светската метеоролошка организација, овој период претставува најжешкиот период во историјата на мерења на Земјата. Знаците и влијанијата од климатските промени, како што се покачувањето на нивото на морето, топењето на мразот и екстремните временски неприлики, се зголемиле во периодот од 2015 до 2019 година. Многу истражувања, вклучувајќи ги и оние од Светската здравствена организација, укажуваат дека храната што ја јадеме и водата што ја пиеме содржат микропластика, речиси 90 проценти од светската популација дише загаден воздух. Овие податоци се загрижувачки и од еколошките здруженија апелираат дека треба да се преземат посериозни мерки.

Според експертите за екологија, пластиката не е биоразградлива. Пластичните ќеси, кои се изработени од полиетилен, предизвикуваат загадување цел живот – од производство до отстранување. Нивниот процес на производство е штетен за животната средина и останува токсичен за околината откако тие ќе се фрлат.

– Пластиката во природата не се разградува туку само се распаѓа на помали парчиња, кои потешко се забележуваат. Поради илјадниците „биоразградливи“ ќеси што се користат, депониите се еден од најголемите загадувачи на воздухот и почвата. Затоа мора да се размислува за рециклирање на пластиката, а не за производство на нова – велат од „Екосвест“.

Промовирани огласи »

На 19ти Септември 2019 година во Скопје по втор пат се одржа водечкиот светски настан од областа на ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ. Меѓу брилијантните говорници од кои можеше да се научи многу, беше и SERDZAN ŞIMŞEK ARNAUTOVIĆ - регрутер во Facebook.

KARIERA.mk ја имаше таа чест да направи интервју со Serdzan, а што тој имаше да ни каже погледнете во видеото.

Промовирани огласи »

Почетна плата за првиот месец 18.000 денари, вториот 20.000денари, третиот 25.000денари. Њу Ејџ Компани има потреба од МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/ATUzrq6p0EyxOuV0Fr8FsQ/menadjer-na-prodazhba

А1 Македонија со отворени 5 работи места: 

Сетек има потреба од ВОЗАЧ НА ТОВАРНО ВОЗИЛО: https://kariera.mk/job/YwEtoPUyz0GNwJ4OH6VLyA/vozach-na-tovarno-vozilo

Miss spice accessories за својата продавница во ТЕТОВО има потреба од ПРОДАВАЧ/КИ: https://kariera.mk/job/s65fvy8nuki8BZO3g2ALGQ/prodavach-ki-tetovo

Еуро Актива со отворени работни места за:

Тимот на Номад е динамичен, креативен и постојано во развој и има потреба од ПРОДАВАЧ: https://kariera.mk/job/2ZbQsTH75k2rNVd_qiDwdg/nomad-mobility-prodavach

Skopje East Gate дел од Balfin Group е во потрага по OFFICE MANAGER: https://kariera.mk/job/Pw4gFxmXa0-IZ-4EBJdXnA/office-manager

Промовирани огласи »

Поради се помасовното иселување и ниските плати, недоволни за нормален живот компаниите во Македонија, а особено во Пелагонискиот регион се соочувата со огромен недостаток на работна рака. Ова беше една од главните точки на која денеска во Прилеп стопанските комори од овој град и од Битола разговараа со премирот Заев и Вицепремиерот Анѓушев. Решението на проблемот се гледа во државна парична помош при обуки за квалификувани работници, но и во увоз на работна рака од странство. Но не беше потенцирано од кои држави би доаѓале работници да работат кај нас.

„Во однос на квалификуваната работна сила веќе имаме конкретни работни задачи на кои што можеме да работиме сите компании, заедно со владините мерки, каде што имаме и поддршка од 20 милиони евра неискористени средства за тренирање на потенцијална работна сила. А во однос на оперативната работна сила разговаравме за можноста на увоз на работна сила од други земји“, истакна Ирена Јакимоска, претседател на Регионална Стопанска комора Прилеп.

Тоа е во делот на европската економска агенда за регионот и верувам дека ќе успееме тоа да го поставиме, но и либерализацијата на одредени визни режими за одредени земји, кои што досега имале виза ако сакале да дојдат во нашата земја, не само како потенцијални работници, пред се како туристи, како потрошувачи или слично, од секој карактер. Тие дебати се отворени во Владата, изјави Зоран Заев, Претседател на Влада.

На средата со стопанствениците се разговараше и за изградба ана патната инфраструктура во овој регион, како изградбата на гасоводот Неготино-Прилеп-Битола во чија изградба увид извршија претставниците на Владата. Од оваа делнициа завршени биле 36%. Беше потенцирано тоа дека гасот е ефтин и еколошки енергенс од кој голем бенефит ќе има целата економија.

Над 90% од имотно-правните прашања веќе се решени. Веќе имаме заварено околу 33 километри цевки, имаме отворена траса од над 52 километри и отворена решена експропријација на околу 75 километри од оваа делница. И очекува дека во втората половина од наредната година оваа делница ќе биде оперативна и наполнета со гас и ќе може да се користи, потенцираше Бајрам Реџепи, директор на НЕР.

Очекуваме уште поинтензивно да се работи во овој период, со цел да најбрзо ги реализираме капиталните инвестиции во овој регион, туку и да овозможиме голем бенефит на граѓаните од пелагонискиот регион. Бидејќи овој магистрален гасовод оди до градовите, потоа она што го зборувавме со градоначалникот на Прилеп, градоначалничката на Битола, сите работат на проектни документации кои треба да бидат во најбрз временски период завршени, со цел овие општини да бидат приклучени на централниот гасовод, кажа Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Но иако гасот можеби за една година ќе стигне во близина на Прилеп и Битола неговото искористување од граѓаните на овие населени места се очекува да се случи дури за неколку години бидејќи нема ниту проектна документација за тоа, а камоли пак изградена гасоводна мрежа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »