ДСПТ ВЕЗЕ ШАРИ ДОО
ЕМБС: 5418194
Индустрија: Прехрамбена
Адреса: с.Требош, Желино
Град: Тетово
Везе Шари како еден од најголемите производители на свежи конзумни јајца во Македонија своите почетоци ги има од 2000 година, во село Требош, Тетово, како заедничка германско-македонска инвестиција со вградена целосна германска технологија.
По враќањето во својата родна земја, г-динот Арбен Абдурахмани, благодарение на 11-годишното искуство стекнато во Германија за одгледување на еднодневни пилиња до кокошки несилки, создаде семејна компанија каде што љубовта и страста за работата беа клучни за успехот во текот на годините.
На 05 јануари 2002 година беа донесени првите 30.000 пилиња и поттикнати од зголемената побарувачка на потрошувачите до септември 2003 година, компанијата го прошири својот капацитет за управување и производство во 120.000 кокошки и произведе повеќе од 30 милиони јајца годишно. За да се обезбеди свежа, висококвалитетна храна за пилињата и кокошките на фарма, во 2008 година во Нови Сад, Србија, е основана Lecker NS, преку која се снабдуваме со храна за кокошките.
Моментално нема активни огласи.