Сениор Микробиолог

За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со... повеќе за компанијата »

 СЕНИОР МИКРОБИОЛОГ

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:

  • Диплома за додипломски студии, или напредна диплома по микробиологија или сродна дисциплина, магистерски или специјалистички студии по микробиологија
  • Минимум 3 годишно искуство работа во микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет, пожелно во стерилни простории за испитување. 
  • Одлично познавање на применливите методи за тестирање на фармацевтски производи;
  • Работно познавање на системите за квалитет и регулаторни побарувања;
  • Одлично познавање на процесите за контрола на квалитет, GMP, и микробиолошките методи за валидација;
  • Искуство при спроведување лабораториски истражувања;
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик;
  • Одлично познавање на Microsoft Office пакетот.

Одговорности и работни задачи:

  • Имплеметира, контролира и надгледува микробиолошки методи во единицата Микробиолошка лабораторија во Оддел за Контрола на квалитет (КК)
  • Изведба на различни микробиолошки тестирања и анализи
  • Подготовка и преглед на СОП-ови, методи на анализи, протоколи и извештаи за квалификација/валидација
  • Мониторинг на актуелните GMP системи за да осигура усогласеност со документирани полиси
  • Развива и пишува МОА и СОП.
  • Учество во нарачка на материјали и опрема за МБЛ
  • Контрола на квалификации, калибрации и валидации
  • Следи датуми за реквалификација, рекалибрација и ревалидација
  • Учество и контрола во истражувања поврзани со резултатите кои се надвор од спецификација, укажува на, и менаџира со девијации и контроли на промена поврзани со процедури во МБЛ.
  • Издава и толкува финални резултати од анализи од МБЛ.

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:

  • Способност за самостојна и тимска работа со научен и технички персонал
  • Способност да работи под минимален надзор и можност за флексибилност кон обемот на работа врз основа на промена на приоритети
  • Самомотивиран, ориентиран кон детали и спремен да прифати дополнителни одговорности
  • Способност за критичко размислување и поседување вештини за решавање проблеми.
  • Одлични интерперсонални, вербални и писмени комуникациски вештини.

Дополнителни информации:

     Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »