Работна позиција: Специјалист за корисничка поддршка
Работно време: Полно работно време; однапред дефинирани смени
Локација: Работа од канцеларија
За Нас:
Придружете се на нашиот динамичен тим во Involve! Работиме на иновативна онлајн платформа специјализирана за продажба на извонреден дијамантски накит. Нашата платформа комбинира елеганција со најсовремени дигитални решенија, и посветени сме на унапредување на корисничкото искуство преку нашето онлајн присуство.
Одговорности за работната позиција:
- Брзо запознавање со нашиот бизнис модел и стекнување на вештини во нашите внатрешни системи;
- Одговарање на барањата поврзани со потребите на нашите клиенти;
- Одржување на високо ниво на познавање на производите за прецизно информирање на клиентите;
- Решавање на прашања и проблеми со производите/услугите со емпатија и ефикасност;
- Ценовна Стратегија: Точно пресметување и доделување цени на производите, земајќи ја предвид конкурентноста на пазарот и профитабилноста;
- Ефективна работа како дел од тим, но и способност за самостојно завршување задачи без постојан надзор.
Нашите очекувања за соодветен кандидат:
- Одлично владеење на англискиот јазик за ефективна комуникација и создавање содржини;
- Докажано искуство во корисничка поддршка или сродна позиција;
- Технолошка спремност: Способност за брза адаптација во нашата дигитална работна средина и онлајн системи;
- Способност за мултитаскинг, приоретизирање и ефективно управување со времето;
- Насоченост кон клиентите и способност за адаптација/реакција на различни видови клиенти;
- Управување, известување и ескалација на проблеми/багови кај клиенти до соодветните оддели;
- Внимание на детали: Одлично внимание на детали во сите аспекти на внесување на податоци и задачи за с оздавање содржини;
- Тимска соработка: Способност за ефективна работа во тим, како и самостојно без надзор.
- Способност за работа во смени; Работата е организирана во ротациони смени (на пример, утринска, вечерна и ноќна смена) или по фиксен распоред по првичното обука. Со текот на времето, ќе биде потребно покривање на смени и викенди кога други членови од тимот се на одмор или за време на периоди на зголемен обем на работа.
Зошто да се приклучите на нашиот тим?
- Бидете дел од возбудлива и растечка компанија во секторот за луксузен накит.
- Работете на позиција што го поддржува и унапредува нашето онлајн корисничко искуство.
- Придружете се на поддржувачка и динамична тимска средина која поттикнува личен и професионален развој.
- Придонесете во компанија која вреднува прецизност, иновации и извонредност.
Како да аплицирате:
Доколку сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, ве молиме испратете го вашето CV и пропратно писмо во кое ќе ги истакнете вашите релевантни вештини и искуство на [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »