Теренски хаус мајстор за подрачје на Далмација, Хрватска

  • Објавен пред 4 дена
  • Arreglo d.o.o.
  • Активен до 11.02.2025
  • Позиција: Градежник и мајсторски работи
  • Локација: Друга држава
  • Телефон: +385993399300

За нас:

Фирмата АРРЕГЛО се занимава со одржување на објекти во областа на завршни работи во градежништво и ситни поправки во домот.

Партнери сме на неколку големи трговски ланци за кои извршуваме техничко одржување и занаетчиски градежни работи. Фирмата својата дејност ја извршува на подрачјето на Славонија и Далмација.

Подрачјето на Славонија се опслужува од Вуковар, додека Далмација од Каштел Сучурац.

Опис на работа и одговорности:

  • Преку паметен телефон се добива налог за извршување на поправка.
  • За извршување на налог се излегува на терен во тим од двајца работници, едниот е задолжен со службено возило на фирмата.
  • Се извршуваат ситни поправки, измени и доградби внатре и надвор од објектот на кој се работи.
  • Одговорност за квалитетот на завршената работа.
  • Извршување и на други дополнителни работи согласно со издадениот налог од претпоставениот раководител.

Што очекуваме:

  • Извршување на занаетчиски работи при одржување на објектите. (водоводџиски, полочкарски, молеро-фарбарски, гипс-картон и др.)
  • Мотивиран, одговорен и исполнителен.
  • Да бидете тимски работник и да поседувате соодветни комуникациски вештини.
  • Активен возач, да поседувате возачка дозвола Б категорија.
  • Да користите паметен телефон и мејл.
  • Претходно работно искуство на исти или слични работни позиции.
  • Способност за организирање на работата.
  • Усно и писмено познавање на Хрватски јазик.
  • Самоиницијативност, исполнителност и чесност.
  • Брзо решавање на проблемите.

Што нудиме:

  • Постојана работа (не се однесува за сезонска работа)
  • Стимулативна заработувачка
  • Сместување во двокреветна соба со висок квалитет
  • Службен мобилен телефон и работна униформа
  • Се грижиме еден за друг и даваме поддршка за тимот.
  • Имаме разбирање за приватни потреби (одење дома со претходен договор)

Потребен број: 2 лица

Контактирајте нѐ на:

АРРЕГЛО ДОО

+385 99 3399300- Viber, Whatsapp

  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

Внеси нов оглас

вести · настани · интервјуа · колумни · технологија · хороскоп · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »