Специјалист за корисничка поддршка на англиски јазик - Охрид

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

Стани дел од нашиот тим во Охрид на еден од нашите проекти на англиски јазик! Станува збор за проект во областа на излезни повици кон постоечките клиенти за еден од нашите странски клиенти чија примарна дејност е поврзана со прехрана и комплетна достава на намирници кои се нарачани од страна на потрошувачите со цел олеснување на нивните секојдневни кулинарски активности. За овој проект е предвидена интересна и динамична обука, а развојот на комуникациските вештини е загарантиран!

 

Што ти нудиме?

  • Конкурентна плата од 40.590 денари;
  • Работа од понеделник до петок со слободни викенди;
  • Попладневна смена од 17:00 до 01:00 часот;
  • Платена обука;
  • Можност за професионален напредок и развој;
  • Секојдневна примена на англискиот јазик и можност за негово усовршување;
  • Пријатна работна атмосфера и тимски дух;
  • Бонуси врз основа на постигнатите перформанси;
  • Бонуси за препораки за вработување;

 

Придружи ни се како Специјалист за излезни повици на англиски јазик!

  • Работата започнува со обука со која ќе се запознаеш со системот за работа и процесите потребни за нејзино успешно извршување;
  • Ќе бидеш во секојдневна комуникација со старите и актуелните клиенти на компанијата презентирајќи им ги актуелните промоции;
  • Ќе го употребуваш англискиот јазик на дневно ниво добивајќи можност да го усовршиш истиот;
  • Ќе имаш целосна поддршка од својот тим лидер како и од останатите членови на тимот;

 

Што бараме?

  • Одлично зборуваш и пишуваш на англиски јазик;
  • Живееш во Охрид и можеш да работиш од нашата канцеларија во Охрид (за оваа работна позиција предвидена е работа од нашата канцеларија во Охрид која се наоѓа во центарот на градот);
  • Заинтересиран си за работа исклучиво втора смена;
  • Можеш веднаш да започнеш со работа;
  • Комуникативен/на си и сакаш да им помагаш на луѓето;
  • Тимски играч си и уживаш во динамично окружување;
  • Имаш желба за запознавање на различни култури;
  • Имаш основни познавања од работа на компјутер;

 

Доколку си заинтересиран/а и сакаш да дознаеш нешто повеќе, аплицирај веднаш на следниов линк: https://transcomnorthmacedonia.recruitee.com/o/skopje-161 Приоритет добиваат кандидати кои можат да започнат веднаш со работа. Само апликациите добиени преку линкот за апликација ќе бидат земени во предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »