Менаџер на Бутик хотел / Главен рецепционер

Активни огласи од Микеи Хантинг Клуб ДОО:

Хаусмајстор/Електричар - Собарка

(преземи го огласот во Word)

Менаџер на Бутик хотел / Главен рецепционер

Опис на работното место:
Нашиот бутик хотел со 21 соба бара искусен и динамичен менаџер / главен рецепционер. Оваа клучна улога вклучува управување со секојдневните операции на хотелот, обезбедување висок квалитет на услугата за нашите гости и водење на нашиот посветен тим.

Главни одговорности и обврски:

  • Надгледување на секојдневното работење на хотелот и обезбедување беспрекорно искуство за гостите;
  • Управување со резервации, прием и сместување на гостите;
  • Координација и контрола на собите во соработка со тимот за хигиена;
  • Надзор на работата на рецепционерите и собарките;
  • Управување со наплата и административни задачи;
  • Високо квалитетна комуникација и гостопримство;
  • Решавање на проблеми и барања на гостите;
  • Одговарање на телефонски повици и електронска комуникација;
  • Управување со онлајн резервациони системи како BOOKING.COM и EXPEDIA.COM.
  • Промовирање и продажба на услугите на хотелот, соодветно на маркетинг програмата на хотелот

Очекувани квалификации:

  • Потребно искуство во управување со хотел или слична позиција;
  • Завршено минимум средно образование;
  • Одлично познавање на англиски јазик, дополнителен јазик ќе се смета за предност.

Потребни способности и вештини:

  • Одлични компјутерски вештини, особено во MS Office;
  • Високо развиена усна и писмена комуникација;
  • Силни организациски способности;
  • Одлични вештини во услугата кон гостите и деловно размислување;
  • Продажни и преговарачки вештини;
  • Мотивирана, позитивна личност со склоност кон тимска работа;
  • Флексибилност за работа во смени.

Нудиме:

  • Договор на неопределено време
  • Конкурентна плата и можности за професионален развој
  • Пријатна и динамична работна средина
  • Платена храна - обезбеден оброк и пијалоци
  • Можности за учење и напредување.

Како да аплицирате: Ве молиме испратете го вашето CV со фотографија на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] .
За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »