Промовирани огласи »

Ова недела издвојуваме најпосетени огласи за вработување на нашиот сервис.  Од анализите на тимот на Кариера.мк би сакале да пренесеме резултати околу популарност на одредени огласи кои најдобро котираа оваа недела. 

Skopje City Mall е првиот современ трговски центар во Македонија со потполно нов концепт кој ги обединува шопингот, забавата и дружењето. Како најголем центар од ваков карактер во регионот, Skopje City Mall полека прераснува во новото обележје на модерно Скопје. Со својата уникатност, подеднакво и во понудата и во дизајнот, Skopje City Mall привлекува посетители од целата држава и пошироко нудејќи им неповторливо искуство преку една нова димензија на шопингот. Skopje City Mall објавува конкурс за следното работно место: РАБОТНИК НА ИНФОРМАЦИСКИ ПУЛТ

ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 91 аеродром во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од водечката платформа за управување со аеродроми на глобално ниво, којашто опслужи 218 милиони патници во 2019 година. Во Република Северна Македонија, ТАВ Аеродроми ги опслужуваат Меѓународен аеродром Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Аплицирај на отвореното работно место за ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР

Интернационално препознатливиот бренд SushiСo претставува синџир на ресторани со карактеристична јапонска, тајландска и кинеска храна. Ресторанот во Скопје е префинето уреден со цел на посетителите да им овозможи максимално уживање и пријатна атмосфера. Со отворањето на ресторанот на овој пазар, брендот Sushico го најави своето присуство и на Балканот. Моментално вработува на следниве работни места ПОМОШНИК ВО КУЈНА и КЕЛНЕР/КА

Вo Октомври 2012 година го отворивме Trend Food Bar кој служи автентична вкусна храна и голем избор на пијалаци. Исто така постојат и гурмански сендвичи, салати и свежи цедени сокови кои може да ги изберете. Голем спектар на десерти и вегетеријански опции се исто така достапни. Погледни ги сите работни места ТУКА

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 28 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Во моментов вработува на следниве работни места: РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА ВО ОХРИД и ОФИС МЕНАЏЕР

Систина Офталмологија е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата.Поради проширување на својот тим, Систина Офталмологија во Скопје објавува оглас за вработување на: АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК (CALL CENTER)

Друштвото за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа. Групацијата е  застапена со 40 Друштва за осигурување во рамките на 18 држави во Европа, и истовремено преку своите 23.500 вработени врши услуги насочени кон задоволување на потребите на своите клиенти . На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надградба, како и одлични услови за работа во средина со професионален и амбициозен тим . Во согласност со нашата цел и стратегија, имаме потребa од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната позиција : ПРАВНИК СО ПОЛОЖЕН ПРАВОСУДЕН ИСПИТ И СОРАБОТНИК ЗА ФИНАНСИИ И СМЕТКОВОДСТВО

b watch 1920 како најценет и добро познат бренд за продажба на часовници и накит во Македонија, има потреба од проширување на тимот асистенти за продажба во салоните во Скопје.

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа. 

РАБОТНИЦИ ЗА МАГАЦИНСКО РАБОТЕЊЕ- СПРЕМАЧИ НА РОБА

ФИНАНСОВ СМЕТКОВОДИТЕЛ 

ПОМЛАД КОМЕРЦИЈАЛИСТ

Компанијата Екоцентар 97 активно се занимава со управување на отпад повеќе од 20 години и денес е една од водечките компании во регионот. Нашата дејност вклучува управување со отпад од метали, електронски отпад и опасен отпад. Во моментов, имаме отворена позиција за Техничко лице за управување со опасни материиАДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ ОФИЦЕР ЗА УСОГЛАСЕНОСТ/ ПРАВНИК

Webhelp North Macedonia е телекомуникациска компанија која работи со гигантски брендови на глобално ниво, нудејќи најдобро место за работа за сите германски говорители. Во видеото подолу погледнете како изгледа работната атмосфера и дали ова е одлична шанса, токму Webhelp да биде твоето ново работно место. За да аплицирате за отворените работни места погледнете ги детали ТУКА.

Промовирани огласи »

Град Скопје и во 2022 година ја продолжува мерката за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди за загревање.

Советот на Град Скопје на вчера одржаната седница ја донесе Програма за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, со која се утврдуваат начинот и условите за спроведување на активностите за субвенционирање и нивното финансирање.

Во наредниот период ќе биде распишан јавниот повик за субвенции на кој ќе можат да аплицираат сите лица кои ги исполнуваат предвидените услови, а ќе можат да аплицираат сите оние што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година. Средствата предвидени за овие субвенции се обезбедени од буџетот на Град Скопје, како и преостанатите средства добиени од Владата во 2020 година.

Согласно со годинешната програма, за оваа намена се предвидени 24 милиони денари, додека на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.

Овие субвенции се дел од мерките предвидени во Планот за подобрување на квалитетот на воздухот и Акциониот план на Стратегијата за климатски промени на Град Скопје. Согласно со многубројните истражувања за квалитетот на воздухот во Скопје најголемо учество во емисијата на ПМ10 и ПМ2,5 честичките има затоплувањето на домовите кои немаат централно греење. Ова се јавува, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, лошиот квалитет на дрвото, начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки. Инвертерите за затоплување се економични, еколошки, не користат фосилни горива, а истовремено постигнуваат затоплување на домовите, велат од Град Скопје. 

Доколку  се направи паралела во трошоците за греење на стан со 60 м2 за една грејна сезона во однос на греење со термо печка, печка на дрва и инвертер клима уред ќе се добијат следните пресметки:

  • Термо печка која троши 10.920 kwh електрична енергија троши околу 76.000 денари годишно;
  • Печка на дрва која троши 12 м3 огревно дрво троши околу 48.000 денари годишно;
  • Инвертер клима уредот на годишно ниво троши само 4.580 kwh електрична енергија, односно само 30.000 денари годишно.

Според  анализата на  годишно ниво ќе се  заштедат  околу 18.000 денари во однос на загревањето со печка на дрва или 46.000 денари во однос на загревањето со термо печка. 

Промовирани огласи »

Русија попушти и ќе дозволи и натаму земјите кои купуваат гас да го плаќаат во странска валута. 

Непријателските земји можат да продолжат да плаќаат за рускиот природен гас во странска валута преку руска банка која ќе ги претвора парите во рубљи. 

Русија вети дека ќе има реперкусии ако земјите не плаќаат во рубљи, но Германија, Франција и Британија се побунија дека не сакаат уцени и Русија попушти. 

Инаку, рубљата се опорави и се врати на нивото како пред војната. 

Промовирани огласи »

Богатите албански семејства ќе плаќаат повеќе за струја. 

Албанскиот премиер Еди Рама денеска најави дека се прави студија со која ќе се разгледа можноста богатите домаќинства да плаќаат поскапа електрична енергија. Тој нагласи дека за другите домаќинства нема да има зголемување на сметката за енергија, за што Владата ќе продолжи да ја плаќа разликата.

Рама уште еднаш ја повтори одлуката на Владата со која нема зголемување на цената на електричната енергија за албанските домаќинства и покрај енергетската криза и неповолната хидролошка состојба од која зависи домашното производство.

Локалното производство на електрична енергија во Албанија зависи од хидроенергијата, а сушата во последните месеци ја влоши и онака лошата ситуација со електрична енергија во земјата.

Има неповолна хидрологија на акумулацијата на најголемата хидроелектрана „Фиерза“, која е втора по големина на Балканот. Според последните информации таа е на критичниот минимум, поради што е запрено производството.

Владата претходно објави дека ќе мора да потроши околу 550 милиони евра за увоз на електрична енергија.

Светот го тресе енергетска криза. Многу земји им советуваат на своите граѓани да штедат гас, но и нафта доколку се во можност.

foto freepik.com

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »