Машински инженер

ВиБ Трејдинг Груп ДОО, е компанија основана 2012 година, а, на пазарот настапува под брендот Пелет Центар. Компанијата се бави со проектирање, изведба и продажба на комплетни решенија за греење на дрвени пелети, како и продажба на огревен материјал, во големо и малопродажба. Застапник е на неколку странски и домашни производители на грејни тела. Компанијата има потреба од машински инженер, отсек термотехничко инженерство-термодинамика. Потребни квалификации:

* завршен машински факултет, отсек термотехничко инженерство, термодинамика

* работа на компјутер, познавање на MS Office 

* возачка дозвола Б категорија

* пожелно е претходно искуство, во слична индустрија, но нема да се смета за пресудно 

Опис на работни задачи:

- активно учество во продажбата на системи за греење на пелети, изработка на понуди, консултации и совети за странки

- проектирање на инсталации за топловодно греење, изработка на понуди и спецификации, водење на проекти и надзор на изведбата на истите

- активно учество во продажба на горивен материјал, и асистенција во логистиката на испораките на роба.

Лични карактеристики:

*Способност за самостојна и тимска работа

*Високо развиени комуникациски и организациони вештини

*Професионален и позитивен однос

Услови за работа:

* договор на 12 месеци, со опција за неопределено по 6 месечна ревизија

* почетна  нето плата од 23.000 мкд

* бонус и награди по учинок во договор со менаџментот 

* можност за обука, посета на фабрики и странски саеми и стекнување на нови знаења

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, мозат своето CV да го испратат на info@peletcentar.mk

 

КЛИКНИ