Менаџер / Управител

  • Објавен пред една недела
  • Проект 42
  • Активен до 09.10.2019
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Куманово

Поради развојни цели на компанијата ПРОЕКТ 42 ДОО КУМАНОВО има потреба од:
 

МЕНАЏЕР / УПРАВИТЕЛ 👈

 

Квалификации:

✅ Завршено високо образование.
✅ Завршени додипломски или постдипломски студии на Економски факултет или на Правен факултет се сметаат за предност.
✅ Работно искуство од најмалку 3 години.


Лични карактеристики:

✅ Динамична личност со способност за преземање иницијативи.
✅ Висок личен интегритет и професионален деловен однос.
✅ Одлични организациски и комуникациски вештини.
✅ Прецизен, точен и аналитичен пристап во работењето.
✅ Способност за работа под притисок во кратки временски рокови.


Цели и одговорности:

✅ Професионално и одговорно работење по Законот за трговските друштва, Законот за домување и другите законски и подзаконски акти.
✅ Имплементација и развој на ефективен и ефикасен модел на управување.
✅ Организација, координација и контрола на тимот на Проект 42.
✅ Мотивирање раст на продуктивноста на вработените.
✅ Делегирање обврски на дополнителни нивоа во фирмата.
✅ Успешно справување со конфликтни ситуации.
✅ Приоритизирање при зголемен обем на работа.
✅ Анализа на процедурите и подобрување на системот на работа.
✅ Развој на компанијата.


Како компанија нудиме:

✅ Висока основна нето плата.
✅ Бонуси во зависност од видот и квалитетот на завршените задачи.
✅ Динамична работна средина.
✅ Пријатна работна атмосфера и работа со млад и мотивиран тим.


Заинтересираните кандидати може да ни ја испратат својата кратка биографија на е-пошта: 📧 vrabotuvanje@proekt42.mk Во кратката биографијa пожелно е да бидат наведени референци и контакт податоци во врска со работното искуство.

Огласот трае 15 (петнаесет) работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 5 (пет) до 10 (десет) дена по истекот на рокот за пријавување.

КЛИКНИ