Инженер за управување со сервис за греење и ладење

Активни огласи од Фасилити Менаџмент Сервицес дооел:

Senior WordPress Developer (m/f/d) - Senior Full-Stack JavaScript Developer (m/f/d)

(преземи го огласот како PDF)


ФМС дооел - Скопје, лиценцирана компанија за управување на комерцијални и станбени објекти, која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги од областа на управување на недвижнини и нивно одржување од секаков вид


Инженер за управување со сервис за греење и ладење


Профил на работникот:
• ВСС – Машински Факултет
• Претходно работно искуство минимум 2 години
• Добри комуникациски и организациски способности
• Способност за работа со временски рокови
• Задолжително познавање на англиски јазик
• Одлично познавање на MS Office
• Мотивираност за работа во динамична средина
• Задолжително поседување на возачка дозвола Б категорија


Обврски:
• Одговорен за координација и контрола на сервисот и организирање на процесите
• Увид, дијагностицирање и отстранување на дефекти
• Подготовка на план за работа, пресметка на трошоците и изготвување на понуди
• Вршење на контрола и насочување на сервисерите
• Наоѓање на цени за резервни делови и подготвка на понуди
• Организирање на динамика на работата
• Координација и комуникација со подизведувачи за сервис и резервни делови
• Подготовка на калкулации за учество на тендери


Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: jobs@fms.com.mk, со задолжителна назнака на апликацијата “Инженер за управување со сервис за греење и ладење”.


Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

КЛИКНИ