КООРДИНАТОР ЗА ГРИЖА НА КЛИЕНТИ

  • Објавен пред една недела
  • Винер Лајф
  • Активен до 15.01.2020
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

ОГЛАС ЗА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА КООРДИНАТОР ЗА ГРИЖА НА КЛИЕНТИ

Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ - Виена Иншуренс Груп Скопје

Ние го цениме трудот на нашите колеги, нивниот начин на размислување и работа. Нашиот успех е резултат на многубројните идеи на нашите вработени.
Доколку мислиш дека можеш да допринесеш и бидеш дел од нашиот тим, а притоа ги имаш квалификациите што се наведени подолу, АПЛИЦИРАЈ!

Винер Лајф Македонија е присутна на македонскиот пазар од 2010 година и е дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG)  која постои од 1824 година.

Со континуиран раст и развој, поради зголемен обем на работа, Винер Лајф има потреба од искусни и амбициозни личности кои заслужуваат да работат во најдобри услови со најдобри ресурси.

Како работодавец, Winner Life секогаш се стреми кон професионализам и квалитет, како на сегашните така и на идните соработници.

Квалификации:

  • Одлични организациски вештини;
  • Способност за изнаоѓање на ефикасни практични решенија;
  • Ефикасна орална и писмена комуникација;
  • Амбициозност;
  • Висока мотивираност;
  • Комуникативност;
  • Вештини за преговарање;
  • Способност за тимска работа;
  • Активно познавање на работа со персонален компјутер ( MS

Office);

  • Познавање на англиски јазик;
  • Упорност;
  • Иницијативност;
  • Лица кои имаат професионално искуство со грижа на корисници (имаат предност);
  • Работното место се однесува за Скопје.

 

Опис на работното место/одговорности:

  • Навремено известување за новитетите кој ги има компанија;
  • Редовна и точна испорака на писма за нотификација;
  • Постапува по барањата на клиенти за дополнителни информации;

Работната позиција е на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на неопределено време.

Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.
Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) и мотивационо писмо да ги испратите со задолжителна назнака на апликацијата: “Координатор за грижа на клиенти“ на следнава e-mail адреса: kariera@winnerlife.mk најдоцна до 15.01.2020 година.

*НАПОМЕНА: 
Непотполните апликации нема да бидат земени во предвид.
Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.

КЛИКНИ